Грчкиот парламент ja одобри третата спасувачка програма по цела ноќ на дебати, соопшти АФП.
Пред гласањето грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика пратениците да го поддржат договорот со доверителите и изјави дека неговиот кабинет го спроведува договореното постигнато на самитот на еврозоната на 12 јули.
Во обраќањето пред гласањето во парламентот, Ципрас изјави дека министерот за финансии Еуклид Цакалотос се соочува со битка на состанокот со министрите за финансии на еврозоната во текот на денов за да ја отстрани заканата од привремен заем што и е понуден на Грција во замена за новиот спасувачки пакет.
„Привремениот заем е враќање на земјата во бескрајна криза“, рече премиерот Ципрас.
Од владата е најавено дека Ципрас ќе побара гласање за доверба на неговиот кабинет по 20 август.
*поврзана вест: НОВА ВО СОЛУН: ШТО САКААТ ГРЦИТЕ?




