Грчката влада одлучи банките да останат затворени до 15 јули, јави грчкото министерство за финансии.
Одлуката требаше да трае една недела но веќе два пати се продолжува.
Европската централна банка одлучи денес да го задржи плафонот на своите итни кредити за грчките банки на сегашното ниво од 89 милијарди евра.
Од најавата за референдумот во Грција, Атина беше приморана да воведе контрола на капиталот откако дојде до масивно повлекување на заштеди на загрижените грчки штедачи. Оваа мерка беше донесена за да се спречи банкрот на банките. Според контролните мерки, Грците можат да извадат само 60 евра доколку имаат банкарска карта и сметка во грчка банка.
Оваа мерка не се однесува на странските карти. За нив извлекувањето пари не е лимитирано со желба да не се наруши одморот на туристите кои одлучиле да летуваат во Грција.
Денес исто така беше најавен првиот штрајк од доаѓањето на Сириза на власт.
Синдикатот на грчките функционери, Адеди, повика на штрајк од 24 часа во среда, денот кога грчкиот Парламент ќе гласа за мерките и реформите договорени во Брисел овој викенд и за кои, за возврат, Грција ќе добие нов кредит за следните три години.
Штрајкот ќе се одржи на плоштадот Синтагма во Атина.




