Само 60 евра дневно ќе можат Грците да подигнуваат од банкоматите, а банките во земјата ќе бидат затворени до 6.јули.
– Неопходни се итни мерки да се заштити грчкиот финансиски систем и грчката економија, се наведува во Уредбата потпишана од грчкиот претседател и грчкиот премиер.
Оваа одлука на грчката влада доаѓа по вчерашните повеќечасовни договори со цел да се сопре одливот на парите од грчките банки и да се поттикнат кредиторите да направат отстапки пред истекувањето на странската помош на 30 јуни.
Кризата ја доведе до прашање финансиската иднина и членството на Грција во Еврозоната, и Европската унија.
Граѓаните во Грција масовно почнаа да повлекуваат пари од банкоматите откако премиерот Алексис Ципрас објави дека ќе свика референдум за предлозите на кредиторите за реформи кои Грција би требало да ги спроведе, за да може и понатаму да ја добива неопходната помош.
– Грчкиот народ мора да зборува, кога тој ќе каже – не на референдумот, предлозите на кредиторите ќе бидат подобри, ние референдумот го гледаме како продолжување на преговорите преку различни мерки. Референдумот не е начин да го напуштиме еврото, тоа е пат за да останеме во Европа, тоа е општествено разумно, а не како мерка за штедење, изјави Јорго Катрогалос, заменик министер за внатрешни работи на Грција.




