Published: Wednesday, July 22, 2015 10:44
Пратениците во Грција денеска треба да гласаат за вториот пакет реформи кој мора да го усвои и за да добие 83 милијарди евра помош во следните три години.
На 20 август истекува рокот до кој Грција треба да и врати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка, а во септември и милијарда ипол евра на ММФ.
Грчката Влада вчера во Парламентот презентираше повеќе нацрт закони за реформи, со барање финалниот договор да се постигне до 20 август.
Вториот сет мерки, се очекува да развие жестока дебата во Парламентот, бидејќи содржи “сурови” мерки, какви што се промените во пензискиот систем и оданочување на земјоделците.




