Поранешнот потпретседател на грчкот Парламент и актуелен пратеник Јоргос Сурлас се закани дека Албанија не ќе може да го продолжи европскикот пат, се додека не го реалзира меѓудржавниот Договор со Грција потпишан во 2010 година.
Според Договорот, Албанија треба да подигне меморијален споменик, во кој ќе бидат закопани 423 грчки војници загинати, во јужниот дел на Албанија, што Грците го нарекуваат Северен Епир, за време на Грчко-италијанската војна во 1939 година,
– Се додека не го изгради, Албанија треба да ја заборави ЕУ, изјави Сурлас на свеченоста во чест на загинатите војници во Грчко-италијанската војна, додавајќи дека тие загинале за „идеалите на слободата“.
Оваа не е прва закана од Атина упатена до Албанија. Како услови за членство на Албанија во ЕУ, освен изградбата на споменикот, Грција ги наведува и „целосното почитување на правата на грчкото малцинство“, како и спроведувањето на Договорот за поморската граница меѓу двете земји.




