Грција на полноќ стана првата развиена економија на светот која не можеше да отплати рата од долг кон ММФ.
Како резултат на тоа, првата жена на ММФ, Кристин Лагард ќе го извести управниот одбор на фондот дека Грција има заостанат долг што е официјален термин за неисполнување на договорените обврски.
Судбината на Грција во 19-члената еврозона зависи од референдумот на 5.јули на кој Грците треба да гласаат за мерките на штедење кои се предуслов за натамошна финансиска помош.
Според првичните анкети 54 отсто до Грците имаат намера да гласаат против на референдумот, нешто што му оди во прилог на посакувањата на Ципрас, а мерките на штедење ги поддржуваат 33 отсто од испитаниците, со тоа што разликата почна да се намалува откако беа затворени грчките банки.
Портпаролот на ММФ, Гери Рајс рече дека Грција од сега може да добие финансиска помош од фондот дури откако ќе ги исплати долговите. Тој потврди дека Грција во последен час побарала одлагање на плаќањето што управниот одбор на фондот ќе го разагледа во „догледно време“.
Ројтерс пишува дека, грчката влада предложила двегодишна програма на плаќање на долговите и финансиска помош, но понудила никакви нови отстапки со кои би се приближила до барањата на доверителите за спроведување на економски реформи.




