Published: Thursday, September 3, 2015 11:25
Според очекувањата на Грција, Европската унија треба да испрати до 15 септември, 30 милиони евра во земјата, наменети за справување со бегалската криза, соопшти заменик-министерот за миграции Јанис Музалас на состанок со синдикатот на општините.
– Без локалната самоуправа, кризата не може да се реши. Целта е бројот на бегалците на островите да се направи одржлив, поради што ќе бидат ангажирани повеќе бродови за побрзо да ги префрлат на копно, вели Музалас.
Тој, сепак, додаде дека е потребно да се создадат привремени прифатни центри. Министерот, исто така, рече дека се очекува приливот на бегалци од Турција уште повеќе да се зголеми во наредните месеци.




