Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од земјите на ЕУ да ги почитуваат одлуките за поделба на товарот од мигрантската криза.
– Нема да прифатиме земјата да ни се претвори во место на постојан истовар на мигранти додека Европа продолжува да функционира како ништо да не се случува, рече Ципрас во говорот во Грчкиот Парламент, додавајќи дека некои членки, не само што креваат огради на границите, туку не прифаќаат ниту еден мигрант.
Тој се закани дека доколку постојните договори во Европската унија за прифаќање на мигрантите и бегалците не се спроведат без одложување, Атина ќе ги блокира идните договори.
– Некои земји изгледа не сфаќаат дека нашите заеднички договори или се спроведуваат, или не се договори. Никој не може да заборави дека минатото лето Грција се најде на работ да биде исклучена во име на заедничките правила, изјави Ципрас
Ципрас најави дека ќе има средба со лидерите на опозицијата за договарање заеднички став во однос на бегалската криза, пред самиот на Унијата во мар посветен токму на бегалците.
Австрија, и покрај критиките од Грција и УНХЦР, презеде нови потези за координирање на граничните рестрикции на Балканот со што го интензивира проблемот со мигрантите во Грција.




