Published: Thursday, April 9, 2015 21:01
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека Грција денеска исплатила нова транша од 483 милиони долари на светската финансиска организација.
Според неа грчките лидери треба да работат на обновување на економијата и нејзино стабилизирање, со што би го зајакнале суверенитетот на земјата.
Експертите на ЕУ и ММФ во моментов го студираат на планот на реформите кој беше предложен минатиот месец од премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во обид да обезбеди повлекување на преостанатите 7,2 милијарди евра од доделениот заем од пакетот меѓународна помош.




