Грчката влада вечерва му ги испрати своите предлози за реформи на претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер Јерун Дејселблум.
Грција се надева дека со овој пакет реформи ќе добие трет план за помош и останување во еврозоната. Предлозите на Грција биле испратени навреме како што бепе договорено на последниот самит во Брисел неделава. Еврогрупата и самитот на ЕУ ќе донесат одлука во недела.
Пакетот реформи беше финализиран утринава помеѓу премиерот Алексис Ципрас, вице-премиерот Јанис Драгасакис, министерот за финансии Еуклид Цакалотос и министерот за економија Јоргос Статакис. Ципрас им јасно ставил на знаење на министрите дека тој сака да постигне договор со своите кредитори.
Тие сега ќе ги разгледаат предлозите за реформи и ќе можат да направат проценка на сумата за програмата за помош за Грција, вели вечерва европски извор во Брисел.
Предлозите утре ќе му бидат презентирани на грчкиот парламент кој треба да го даде своето зелено светло. Закажани се и средби помеѓу претседателот на Европската комисија и претставници на Неа Демократија и партијата Потами а цел на средбите да им се даде поддршка на предлозите на грчката влада испратени вечерва во Еврогрупата.




