Грција започна со евакуација на мигрантите од кампот Идомени, додека приливот на бегалците на грчките острови во Егејското море е забавен, соопшти грчките власти.
Со осум автобуси вчера се пренесени околу 400 бегалци од импровизираниот камп во Идомени до блискиот бегалски камп, соопшто локалната полиција. Уште десет автобуси чекаат во нив да бидат сместени мигранти кои не сакаат да поминат од другата страна на затворената граница.
Во првите автобуси најмногу има родители со деца кои не можеле вече да ги поднесат тешките услови.
Според моменталните податоци, во Идомени се наоѓаат околу 11.603 бегалци.
Портпаролот на агнецијата СОМП која ја координира акцијата Јоргос Киртицис вели дека евакуацијата од понеделник ќе биде поинтензивна.
-Во моментов се обезбедени над 2.000 места за бегалците од Идомени, а од понеделник тој број ќе биде удвоен. Во следните три недели ќе се обезбедат 30.000 места, вели тој.
Во меѓувреме, соопштено е дека бројот на бегалците кои влегуваат во Грција е намален.
Според официјални податоци од грчката Влада, денеска во Грција влегле 78 нови бегалци, што е за половина помалку од вчера кога беа регистрирани 161 бегалец.
Во четвртокот во 24 часа не пристигнал ниту еден мигрант од грчките острови, што е првпат откако на сила стапи договорот ЕУ- Турција за запирање на масовниот прилив.
Сите нови доаѓања се регистрираат во центрите на петте грчки острови, а оние кои бараат азил остануваат се додека грчките власти не ги разгледаат нивните барања.
Во меѓувреме кооринаторот на транзитниот центар во Куманово Горан Стојановски соопшти дека околу 237 мигранти од Сирија и Ирак, кои речиси три недели беа на ничија земја меѓу Македонија и Србија се вратиле во македонскиот транзитен во Табановце, со што бројот на оние кои се сместени тами во моментов е 1.038. Некои денеска заминале во прифатниот центар Винојуг во Гевгелија.




