Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција: Враќањето на поранешните премиери

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 22, 2025 15:15

Двајца поранешни премиери ја тресат атинската политика: левичарот Ципрас најавува нов почеток, а конзервативниот Самарас поттикнува расположение против зближувањето со Турција. Притисокот врз владата на Мицотакис расте.

Јанис Пападимитриу

Непишано правило на атинската политика е дека поранешните премиери треба да ја избегнуваат големата сцена и да се воздржат од коментари или делење лекции. Барем така беше досега. Од враќањето на демократијата во Грција во 1974 година, речиси секој поранешен премиер се придржуваше до ова правило.

Но, за поранешниот левичарски премиер  Алексис Ципрас,  кој владееше со Грција на врвот на должничката криза од 2015 до 2019 година, молчењето не е опција. Иако беше тивок во последните години, поранешниот идол на грчката левица сега работи на свое враќање.

По многу гласини, Ципрас конечно самиот потврди дека сака да основа нова партија: на почетокот на октомври, тој објави дека излегува од левичарската опозициска партија  Сириза,  чиј лидер беше до мај 2023 година, и поднесе оставка од својот пратенички мандат. Во интервју за левичарскиот весник „Ефимерида тон Синтактон“, поранешниот премиер подоцна изјави дека сака „реорганизација на прогресивната опозиција, која денес не може да ја исполни својата улога во општеството“. Реорганизација под негова команда, се разбира.

Политичар кој „директно“ зборува со народот

Заминувањето на Ципрас е  смртна пресуда за Сириза,  вели политикологот Левтерис Кусулис во интервју за ДВ. „Моментално, Сириза е на нешто помалку од четири проценти во анкетите и едвај би влегла во парламентот доколку денес се одржат избори“.

Сега Ципрас сака да „зборува директно со граѓаните“. Исто како во летото 2015 година, кога тој и неговиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, свикаа референдум против политиките за штедење, пробаа бунт против меѓународните кредитори – но на крајот претрпеа мизерен неуспех.

„Ципрас тогаш го направи правилното нешто, но беше препуштен сосема на самиот себеси“, изјави за ДВ минатото лето Мартин Ширдеван, лидер на Левичарската  пратеничка група во Европскиот парламент.

Конзервативците, кои владеат во Атина од 2019 година, природно, на работите гледаат поинаку. „Се борам  за тоа Грција да не стане повторно предмет на потсмев на Европа – како кога вие владеевте со земјата“, неодамна „грмеше” конзервативниот премиер Киријакос Мицотакис кон левичарската опозиција за време на жестока дебата во парламентот.

„Моментално постои огромен вакуум во политиката во Атина“, се жали политикологот Кусулис. Првенствено опозицијата е ослабена и пофрагментирана од кога било досега. Ова е во корист не само на конзервативниот премиер Мицотакис, туку и на левичарскиот политичар Ципрас, чија нова партија, според анкетите, би можела да привлече до 20 проценти од гласачите.

Со нетрпение сега се очекуваат сеќавањата од срцевината на владеењето на Ципрас. Неговата автобиографија ќе биде објавена во ноември. Издавачот Костас Дарданос го разгоре возбудувањето преку интервју во бизнис порталот Naftemporiki.gr: „Сите можни луѓе веќе зборуваа за должничката криза и ја донесоа својата пресуда. Сега е време  Алексис Ципрас, протагонистот од тоа време, да ја даде својата верзија на приказната“. Тој, исто така, наводно има многу да каже и за поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Покрај тоа, левичарскиот политичар има намера веднаш да коментира важни прашања. На пример, претседателските избори во северен Кипар минатата недела (19 октомври 2025 година): Ципрас му посака на победникот на изборите, Туфан Ерхирман, „многу сила“ и зборуваше за „очекувања за продолжување на мировните преговори“ на поделениот остров.

Популарен глас десно од конзервативците

Грчко-турско приближување со благослов на Ципрас? Таквиот потег веднаш го доведува во преден план уште еден поранешен премиер: Андонис Самарас, конзервативната фигура и шеф на владата од 2012 до 2015 година.

Со години, поранешниот премиер ја критикуваше „надворешната политика на смирување“ на Атина и наводните „отстапки“ кон сите соседни земји. Тој беше разбеснет од „Преспанскиот договор“, со кој Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев го завршија  спорот за името  на соседната земја во 2021 година. Евентуалното приближување меѓу Грција и Турција е уште поголем трн во окото на Самарас.

На крајот од 2024 година,  премиерот Мицотакис  ја повлече сопирачката за итни случаи и го исклучи озлогласениот критичар од конзервативната партија Нова демократија (НД). Оттогаш, Самарас ги интензивираше своите фундаментални критики кон политиките на неговиот конзервативен ривал. „Грција е маргинализирана и отсутна на меѓународно ниво, како да сме ја напуштиле сопствената надворешна политика“, изјави тој за атинскиот весник „Та Неа“ минатиот мај.

Според медиумските извештаи во Атина, основањето на „патриотска“ партија под негово водство е само прашање на време. „Навистина, има многу што укажува дека Самарас ќе основа своја партија“, се согласува политикологот Кусулис. Ова би создало дополнителен притисок од десницата врз владејачките конзервативци. Важните одлуки за надворешна политика би биле отежнати, но веројатно нема да бидат фундаментално доведени во прашање, смета аналитичарот од Атина.

Систем на непотизам

Останува за разјаснување уште едно прашање: пензионираните политичари обично уживаат во своето слободно време или во своето пензионирање – или бараат профитабилни работни места во приватниот сектор. Зошто токму двајца поранешни премиери во Грција моментално се желни да се вратат во активната политика?

„Доколку имаше вистинска внатрепартиска демократија во оваа земја, сигурно ќе видевме нови лица на високите партиски функции“, вели политичкиот набљудувач Кусулис. Сепак, во систем на непотизам, ова не е толку лесно. Резултатот: „Постојано,  стариот кадар се враќа на големата сцена  со наводно нови идеи“.

Текстот е сопственост на Дојче веле.мк 

 

анализа Јанис Пападимитриу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.