Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРЕКО: Пандемијата и натаму е плодно тло за корупција

0
By Sashko on December 9, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владите ширум светот беа принудени да преземат итни и вонредни мерки во врска со пандемијата на коронавирусот што го зголеми ризикот од корупција, и затоа мора да го почитуваат законот и да дејствуваат транспарентно и одговорно, соопшти антикорупциското тело на Советот на Европа, ГРЕКО (Група држави против корупција).

Во изјавата по повод 9 декември, меѓународниот ден за борба против корупцијата, претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела, предупреди дека ризикот од корупција поврзана со пандемијата останува висок, особено во здравството и мерките што ги преземаат владите за ублажување на економските последици од пандемијата.

Додека владите се соочуваат со последователните бранови на пандемијата ковид-19 и мора брзо да дејствуваат, тие редовно прибегнуваат кон итни мерки. И покрај исклучителната ситуација, од клучно значење е владите целосно да го почитуваат законот и да ги засноваат своите постапки на принципите на транспарентност, надзор и отчетност, изјави претседателот на ГРЕКО.

Мрчела наведе дека, кога станува збор за корупцијата, најчувствителни области се доделувањето на договори за јавни набавки, судирот на интереси и лобирањето. Тој додаде дека насоките за спречување на корупцијата во пандемијата, објавени од ГРЕКО во април 2020 година, сè уште се клучни во борбата против корупцијата во јавниот и во приватниот сектор.

Во тие упатства, ГРЕКО предупреди на формите на корупција кои се особено погодени од пандемијата, како што се јавните набавки, корупцијата поврзана со здравствените институции, корупцијата во истражувањето и развојот на лекови и вакцини, измамите со лажна медицинска и заштитна опрема и лекови. Беше посочена и важноста од посебна заштита на укажувачите, односно лицата кои пријавуваат корупција и посебната улога што во тоа ја имаат медиумите.

Во соопштението се вели дека до крајот на оваа година ГРЕКО ќе усвои извештаи за состојбата во областа на корупцијата во владините тела, вклучително и највисоките носители на извршната власт, и за спроведување на законот за 23 од 50 земји-членки.

ГРЕКО Корупција Пандемија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.