Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Очекувам Јавното обвинителство да се заинтересира од кои причини судии во Апелациониот суд држеле предмети во фиока

0
By Jane Gjorgioski on January 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 12, 2023 21:00

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во вечерашното гостување на ТВ Сител, оцени дека поранешната претседателка на Судскиот совет Павлина Црвенковска треба да ги пријави лицата за кои вели дека и вршеле притисоци, но и дека очекува и Јавното обвинителство да се заинтересира од кои причини судии во Апелациониот суд држеле предмети во фиока.

„Ако претседател на Судски совет излезе со таква изјава во јавност, јас очекувам да пријави. Нема поента таа изјава, без притоа да се пријави во надлежните институции и  уште повеќе  да остане член на Судскиот совет. Таквата изјава треба да следи со пријава точно на лицата, да се докаже кој и зошто и на каков начин ги вршел притисоците. Исто како сега што очекувам Јавното обвинителство да се заинтересира од кои причини судиите во Апелациониот суд посочени во извештајот на Судскиот совет  држеле предмети во фиока“, порача вицепремиерката Грковска, во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Таа нагласи дека за справување со корупцијата се потребни храбри луѓе, луѓе со интегритет кои не се плашат да пријават корупција, кои не се подлежни на какви било влијанија затоа што се убедени во исправноста на нивните одлуки.

 „На оваа Влада ќе и беше многу полесно ако состојбите во правосудниот систем беа подобри. Ако тие беа подобри, немаше да се случи Специјалното јавно обвинителство, тоа беше голема надеж за граѓаните, што заврши со фијаско и уште повеќе придонесе за недоверба во институциите. На обвинителите, на правосудниот систем е да покажат и да докажат дека ја вршат работата со интегритет, без разлика за кого станува збор, исклучиво врз основа на законот“, оцени Грковска и додаде дека само на тој начин ќе се врати довербата во правосудниот систем, а граѓаните ќе бидат охрабрени да пријавуваат случаи на корупција.

 

Апелационен суд обвинителство Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.