Бобан Грнчаров останува на клупата на Вардар во нов обид за враќање на првата лига во наредната натпреварувачка сезона.

Грнчаров во април беше назначен за в.д. тренер, а под негово водство Вардар заврши третопласиран во Втората лига – запад и не успеа да се врати во прволигашкото друштво.

Помошници на клупата на поранешниот капитен на Вардар ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски, додека должноста спортски директор на „црвено – црните“ и во следни три години ќе ја извршува Александар Бајевски.