Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција бара паневропски мерки за справување со недостигот од лекови

0
By Marta Pesevska on January 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото извор: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот министер за здравство, Танос Плеурис, ја повика Европската комисија да преземе мерки за надминување на недостигот од лекови, пишува весникот „Катимерини“.

Според соопштението на грчкото Министерство за здравство, Плеврис вчера испратил писмо до европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, во кое повикува на „централна политика на ниво на Европската унија“ за проблемот со недостигот лекови со кој се соочуваат сите земји-членки на Европската унија.

„Земјите-членки се обидуваат да се справат со овој проблем преку внатрешни процедури, но сепак е императив да се има централизирана политика на ниво на ЕУ за справување со предизвикот“, вели Плеврис.

Грчкиот министер за здравство ја повика ЕК „да го зголеми производството на лекови“ во Унијата.

Грчкото Министерство за здравство во понеделникот најави низа мерки во обид да се справи со недостигот. Една од нив предвидува покачување на цените на евтините лекови, за да се спречи тие да завршуваат на меѓународниот пазар каде нивните цени се многу повисоки.

Грчката агенција за лекови (ЕОФ) забрани извоз на одредени дефицитарни производи и соопшти дека дел од недостигот се должи на проблемите во глобалниот синџир на снабдување.

Претседателот на Сојузот на грчките фармацевти, Константинос Лурантос, рече дека лековите од домашно производство се меѓу најевтините во Европа и се извезуваат по многу повисоки цени. Тој за финансиската редакција на „Нафтемборики“ посочи дека ситуацијата се влошува.

Грчкиот министер за здравство вети дека ќе ги засили проверките на трговците на големо во обид да го ограничи извозот дефицитарни лекови.

Извор: МИА

Грција ЕК лекови недостиг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.