Published: Sunday, August 14, 2016 18:56
Грчките власти не му дозволија влез во земјата на претседателот на албанската политичка партија Движење за обединета Албанија, Тахир Велиу.
Грчката агенција АНА наведува дека Влеиу се обидел да влезе во Грција на царинскиот премин Какавија на грчко- албанската граница.
Исто така се наведува дека Велиу се наоѓа на листата на непожелни лица во Грција и токму тоа е причината што не му бил дозволен влез.
Според изворите на агенцијата Велиу сакал да ја посети Грција за да ја претстави својата нова книга „Голема Албанија“ во грчкиот град Јанина.




