Грција и странските кредитори денеска постигнаа договор за реформите поврзани со финансиската помош, изјави грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос, наведувајќи дека со тоа се отвора патот за исплата на парите предвидени со спасувачкиот пакет.
Договорот со кој се предвидува реформи во енергетскиот сектор, како и кратење на пензиите и зголемување на даноците, претставува камен темелник во разговорите меѓу двете страни кои почнаа во минатиот октомври.
Грција оствари голем напредок во спроведувањето на реформите неопходни за нова финансиска поддршка, соопшти германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
„Доколку грчката влада ги испочитува сите договори, европските министри за финансии би можеле да ја завршат ревизијата на 22 мај и набргу да ја пуштат следната транша“, рече Шојбле.




