Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција во 24 часовен штрајк

0
By Нова ТВ on October 2, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 2, 2019 10:30

Без возови, бродови, без вести и информативни емисии, со затворени банки ќе биде денеска Грција и без метро и со скратено работно време на автобусите и тролејбусите во Атина, без јавен превоз во Солун, поради новиот 24часовен штрајк што започна во 6 часот утрово, jави МИА од Атина.

Синдикатот на работници на Грција за денеска закажа 24часовен штрајк, а учествува и синдикатот на вработените во јавниот сектор со неколкучасовен прекин на работата, односно од 11 часот до крајот на работното време за да го искажат нивното незадоволство од законот за развој што го предлага владата во однос на колективните договори, работничките права и новите регулативи за синдикатите.

Денешниот 24часовен штрајк го поддржаа и новинарите во приватните и државните медиуми кои од 6 часот утрово до 6 часот утре нема да емитуваат вести и информативни емисии.

Во истиот период, бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, возовите паркирани на железничките станици.

Федерацијата на вработените во основните училишта ги повика наставниците да прекинат со работа од 11 до 14 часот, а федерацијата на вработени во државните болници најави прекин на работата од 10 до 15 часот.

Во Атина проблеми има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што грчката престолнина денес е без метро, а автобусите и тролејбусите ќе сообраќаат од 9 до 21 часот, а трамвајот од 9 до 15.

Активностите на синдикатите и денешниот штрајк го поддржаа и од опозициската СИРИЗА кои ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на протест.

Синдикатите за 11 часот закажаа собир на еден од плоштадите во центарот на Атина и протест до грчкиот Парламент.

Како и секогаш, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, организира одвоен собир.

Демонстрации ќе се одржат и во Солун.

Грција и минатата седмица беше парализирана, поради 24часовниот  штрајк организиран од вработените во јавниот сектор, а поддржан од голем број федерации и работнички здруженија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.