Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Охридскиот договор ја претвори С. Maкедонија во фактор за стабилност на Балканот

0
By Sashko on July 1, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска на „Преспа форум дијалог“ истакна дека Охридскиот рамковен договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

Тој посочи и дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Рамковниот договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред. Осврнувајќи се на договорот од Охрид пред 20 години и од Преспа пред две години, Груби рече дека е потребна поголема смелост да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.

Нагласи дека од реализацијата на еднаквоста на граѓаните – придобивката од Рамковниот договор, државата не изгубила ништо, туку добила многу.

– Денес сум горд што ја претставувам својата земја, Северна Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите. Мојот колега Талат гордо го води Собранието, Бујар раководи со дипломатијата на земјата, Фатмир ги раководи финансиите, најмалку петмина албански играчи гордо го носеа националниот дрес за време на Европското првенство во фудбал, г-ѓа Беса одлично раководи со Врховниот суд, итн. Ние сме поверни откако државата почна да промовира еднаквост и лојалност кон сите подеднакво. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Тоа е заедничка успешна историја што ќе ја прославиме и обележиме заедно на 13 август, истакна првиот вицепремиер.

Груби ги повика лидерите на соседните земји, но и пошироко, пример да им биде овој договор во  надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.
– Охрид длабоко ја трансформираше Северна Македонија и останува наша sвезда водилка кон иднината. Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот договор. Оваа е причината зошто ги охрабрувам, особено нашите пријатели од регионот, да ги користат  Охридскиот и Преспанскиот договор како примери за да пристапат смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и гаранција е за генерациите што доаѓаат, истакна Груби во обраќањето на Преспа форум дијалогот.
„Преспа Форум“ Артан Груби балкан Македонија Охридски договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.