Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски дојде на Комисијата за уставни прашања

0
By Соња Петрушевска on November 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 7, 2018 13:35
Никола Груевски дојде на Комисијата за уставни прашања каде почнува дебата за нацрт амандманите. На Комисијата присуствува и премиерот Заев кој ќе ги образложи нацрт амандманите што ги предложи Владата.
Груевски завчера поднел жалба на одлуката на Кривичен со која му се одбива молбата за одложување на затворската казна и за жалбата Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието Талат Џафери од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања.
Спикерот Џафери денеска рече дека одговорил на барањето на Груевски и до пратеникот, како што велат собраниски извори, била испратена фотокопија од „Службен весник“ дека е член на таа собраниска комисија, со потпис од претседателот на Собранието.
Груевски денеска беше на судење за ,,Титаник“, но судењето заврши пред 13 часот, за тој и Илија Димовски, исто така обвинет во ,,Титаник“ да можат да присуствуваат на комисијата за уставни прашања.
За секој амандман, вкупно се 4, може да се дебатира по 3 дена.

Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ  се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.

Во однос на Охридскиот рамковен договор, кој се вметнува во Преамбулата на Уставот, премиерот рече дека овој договор и досега бил вграден целосно во Уставот, но оти аргументите што биле дадени во дебатата биле дека кога веќе се отвара Уставот, тогаш и тој да се вгради за да биде конститутивен елемент.

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е  Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Само што започна седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски побара еден час пауза, поради тоа што не бил обезбеден директен пренос од седницата. Џафери дада пауза до 14.30 часот и напомена дека со самото присуство на новинарите на седницата, јавноста е обезбедена.

Никола Мицевски

На прес конференцијата во Собранието Мицески рече дека власта бега од транспарентна дебата со опозицијата за најважните прашања во државата.

-Ги прашуваме СДСМ и Талат Џафери зошто првата седница на Уставната комсија, кога се утврдуваше предлогот за пристапување за измена на Уставот на Република Македонија  беше пренесувана во живо, а сега кога треба да се дебатира за предлог амандманите, седницата не се пренесува во живо. Ова е прашање од највисок интерес за граѓаните на Република Македонија. Собранието има и законска обврска оваа дебата да ја емитува во живо на собранскиот канал, рече Мицевски.

Според него согласно член 32 став 1 од Законот за Собранието на Република Македонија Собранието има програмска одговорност за емитување на програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на собранието.

-Затоа ние пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бараме и инсистраме седницата на Комисијата за уставни прашања да се пренесува во живо на собранискиот канал, рече Мицевски. 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред неколку дена најави жестока дебата по поднесените нацрт амандмани за уставните измени, и на комисиската расправа и потоа на пленарната.

-Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и од Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во текот на собраниската расправа, за сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред јавноста, вели Мицкоски во интервју за Сител.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.