Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не бил поканет на Самитот на Европските народни партии , кој се одржа во Мастрихт, Холандија во четвртокот, па затоа ВМРО-ДПМНЕ , која е член на оваа асоцијација на европските демохристијански партии, не учествувала на Самитот.
Во Мастрихт бил поканет само премиерот Емил Димитриев, но не можел да оди, изјавиле од ЕНП за порталот. Иако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски изјавил дека поканети биле и Груевски и Димитриев портпаролот на ЕНП Зигфрид Муресан кажал дека на Самитите на асоцијацијата се канат само највисоко рангираните политичари и поканата не може да се пренесе на друг.