Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски пропушти да се запознае со новиот Хан

0
By Борјан Јовановски on July 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 9, 2016 07:36

Официјален Берлин ја презема улогата на Брисел додека европските институции не застанат на нозе по ударот од Лондон

Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ без сомнение нанесе тежок удар на и онака кревкиот кредибилитет на европските институции во процесот на проширувањето. Лимбото во кое Брегзитот ја втурна ЕУ донесе ентузијазам кај политичките структури на Балканот со авторитарни тенденции. Меѓу нив, една од најистакнатите во тој поглед е владеачката политичка партија во Македонија, која преку своите гласници, најиндискретно со јавноста го сподели исходот од британскиот референдум. Отсуството на „меката моќ“ на ЕУ во процесот на трасформацијата на општествата и имплементацијата на приниципите на владеењето на правото нема дилеми дека и одговара на владеачката ВМРО ДПМНЕ или барем на нејзината врхушка која тaa „мека моќ“ ја доживува како закана за нејзините лукративни интереси.

Брегзит може да ги охрабри автократите кои веќе се повикуваат на најлошиот инстинкт на длабоки поделби и слаби и сиромашни општества во регионот, пишува во анализата на влијателниот Форин полиси. Елеборирајќи ја тезата понатаму во анализата се наведува дека политичките елити се користат со националистичка реторика и ги отвораат раните од минатото за да се сврти вниманието од обвиненијата за корупција . Тие не се во брзање да управуваат со земјата кон членство во ЕУ, кое води кон зајакнувањето на владеењето на правото, како и ефикасност и независност на судството, критериуми кои експлицитно ги налагаат правилата за членство во ЕУ.

Во случајот на Македонија несмасното раководење на процесот за надминување на политичката криза го доведе комесарот за проширување Јоханес Хан во прилично незгодна позиција кога официјален Берлин во консултација со другите земји членки на ЕУ кои имаат сериозен однос кон стратешките интереси на Европа на Балканот, одлучи да го бајпасира Хан со именувањето на Јоханес Хајндл за специјален претставник за Македонија. Официјален Берлин со овој потег јасно ја стави на знаење својата сериозност, но и загриженост за нагризувањето на кредибилитетот на процесот на проширувањето, но и на самата ЕУ. Со други зборови, германската дипломатија стави јасно до знаење дека не смее да се дозволи авторитетот на ЕУ да биде изеден од политичката криза во Македонија по што би следувал домино ефект на охрабрување на ,за жал,се уште бројните аворитарни и популистички политички структури низ целиот регион.

Оваа дискретна операција на Берлин во случајот на Македонија по Брегзитот станува и официјална политика на германската дипломатија за зачувување на кредибилноста на европските институции и вредностите кои тие треба да ги чуваат како столб на европската конструкција која по векови војувања на континентот по втореата светска војна му донесе благосостојба и траен мир. Во својата колумна објавена неделава под наслов „Новата глобална роља на Германија“ и поднаслов „Берлин исчекорува“ шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер официјално најавува дека Германија ја превзема одговорноста во свои раце се додека ЕУ не закрепне од нанаесниот британски удар и не биде во можност да ја превземе назад улогата на меѓународната сцена која ја заслужува.

Некои политичари, како поранешниот полски министер за надворешни работи Радек Сикорски, ја опиша Германија како “неопходна нација“ за Европа. Германија не се стреми кон овој статус. Но околностите ја принудија да ја превземе централната улога. Можеби судбината е таа која налага дека нема друга европска нација која е толку тесно поврзана со постоењето и успехот на ЕУ. За прв пат во својата историја, Германија живее во мир и пријателство со Франција, Полска , а и остатокот на континентот. Ова главно се должи на откажувањето на целосна сувереност и споделување на ресурсите кои ЕУ ги зајакнуваше во изминатите речиси 60 години.

Како резултат на тоа, заштитата на таа унија и споделување на товарот на раководството се врвни приоритети на Германија. Додека ЕУ ја развива способноста да игра посилна улога на светската сцена , „Германија ќе се обиде да стори се што е во нејзина моќ а во интерес на на сите на Европа. Германија ќе биде одговорен и воздржан лидер воден од своите европски инстинтки“ пишува Штајнмаер во својот текст објавен во списанието Foreign affairs.

Во оваа смисла, оваа посетата на Хајндл беше квалитативно позначајна од сите претходни. Хајндл овој пат во Скопје беше со веќе официјализираната нова ролја на германската дипломатија. Штета е што Груевски беше зафатен со свадби бидејќи пропушти голема шанса директно да се запознае со одговорните за европската иднина на Македонија.

П.С.

Во едно мое отворено писмо упатено до Груевски многу одамна му препорачав некоја литература. За жал брзо потоа дознав дека нема намера да чита. Жалам за него, но искрено многу повеќе за нас кои поради незаитересираноста на Груевски за релевантни четива не чини години и години враќање наназад.

 

 

 

Груевски Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.