Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска по распитот во СЈО обвини дека бил повикан со цел да се замајува јавноста од како што рече, вистинските проблеми и лажните ветувања на Владата на Заев.
Во кусата изјава која Груевски ја даде за медиумите, рече дека СЈО имал истечен мандат и случајот за кој бил повикан бил непостоечки бидејќи тој реално работел.
Тој додаде и дека јасна му била целта заради која е повикан, а тоа било да се појавува пред медиумите како осомничен.
Во однос на бомбите тој повтори дека тоа се незаконско прибавени аудио снимки.