Published: Friday, May 3, 2019 11:19
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо разгледува странска воена интервенција како крајна мерка за соборување на Владата на претседателот Николас Мадуро.
– Не отфрлувам воена интервенција, затоа што сосема е јасно за што се работи во режимот на Мадуро, изјави Гуаидо за бразилскиот весник „Фола де Сао Пауло“.
– Но тоа е крајна мерка. Важно е прво да се обидеме да олесниме мирна транзиција, додаде тој.
Во судирите меѓу опозицијата и полицијата кои траат од вторникот, според податоци на невладини организации, досега загинале четири лица, околу 300 се повредени, а над 240 се уапсени.




