Published: Thursday, September 17, 2015 11:22
Гугл изразува поддршка за бегалците донирајќи милион евра на организациите кои на терен се грижат за мигрантите во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток.
Воедно компанијата организира и собирање на парични средства од сите граѓани кои би сакале да донираат, а секоја донација Гугл ја удвојува со тоа што за секоја донација уплатува уште една донација со еднаков износ.
Целта е да соберат десет милиони евра, наменети за непрофитните организации кои им помагаат на мигрантите и бегалците.




