Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓукановиќ: Изборот е дали Црна Гора ќе биде покраина на голема Србија или европска земја

0
By Ана Василевска on March 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Мило Ѓукановиќ
Мило Ѓукановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ДПС и претседателски кандидат на партијата на изборите, Мило Ѓукановиќ, на изборна трибина во Сутоморе изјави дека на овие избори се одлучува дали Црна Гора ќе биде, како што наведе, „провинција на голема Србија“, или ќе го продолжи патот по кој тргна, понатаму да се развива како организирана европска држава.

Ѓукановиќ рече дека сите го виделе ефектот од владата во која во 2021 година работел неговиот противкандидат во вториот круг од претседателските избори од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, а тоа е дека Црна Гора не само што била запрена на патот кон ЕУ, туку денес меѓу Подгорица и Унијата е ископана огромна бездна, која, како што рече, „треба да биде гробница на независна, граѓанска, европска Црна Гора“.

Ѓукановиќ истакна дека Воислав Шешељ и организациите на Црногорците во Белград, истите кои на 21 мај 2006 година наместо граѓаните се понудија да одлучат дали Црна Гора ќе биде независна, сега го поддржуваат Милатовиќ.

Ѓукановиќ рече дека е убеден дека ќе победи на изборите на 2 април.

Милатовиќ е противкандидат на Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора закажан за 2 април, откако од вкупно седум кандидати двајцата освоија најголем број гласови во првиот круг на 19 март.

избори Мило Ѓукановиќ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.