Published: Monday, November 20, 2017 21:02
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска побара итна истрага во врска со извештаите дека во Либија се продаваат мигранти. Тој оцени дека такво нешто може да се смета за злосторство против човештвото.
– За ропството нема место во нашиот свет, изјави Гутереш и дополни дека таквите акции се сметаат за „нечуено кршење на човековите права“.
Тој рече дека бил преплашен кога ја видел видео-снимката на Си-Ен-Ен, на која се гледа понудата и продажбата на мигранти.
Гутереш оцени дека извршителите мораат да бидат изведени пред суд и побара од надлежните тела на ОН активно да се позанимаваат со тоа прашање.




