Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш: Жалиме за одлуката на САД за УНЕСКО, соработката продолжува

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе продолжи да соработува со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и покрај несогласувањата, изјави неговиот портпарол Фархан Хаку откако официјален Вашингтон соопшти дека се повлекува од УНЕСКО.

-Гутереш „длабоко жали“ поради одлуката на САД, но „во исто време многу продуктивно комуницира со САД во врска со многу прашања и преку многу организации и ќе продлжи да го прави тоа, изјави Хаку.

– Постојат моменти кога може да се појават несогласувања во врска со ова или она, но генералниот секретар, како што видовте, работи добро со владата на САД, рече Хаку.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека и Израел се подготвува за повлекување од УНЕСКО, неколку часа откако САД објавија слична најава.

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека САД на 31 декември 2018 година се повлекуваат од УНЕСКО.

– Не беше лесно да се донесе одлуката и таа ја изразува загриженоста на САД поради се поголемите неподмирени обврски во УНЕСКО, потребата за темелна реформа во организацијата и постојаната пристрасност во УНЕСКО насочена против Израел, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека САД ќе настојуваат „и понатаму да бидат ангажирани како земја со статус на набљудувач и да придонесат со ставовите, перспективите и стручноста на САД“.

Американската Администрација значително го намали буџетот за УНЕСКО во 2011 година во знак на протест против одлуката да им се даде полноправно членство на Палестинците во Организацијата.

Антонио Гутереш САД УНЕСКО; Израел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.