Published: Sunday, April 1, 2018 09:55
Гувернерот на руската област Кемерово Аман Тулејев поднесе оставка, една недела по пожарот во трговскиот центар во кој загинаа 64 лица.
„Невозможно е да останеш на позицијата гувернер со вакво бреме. Тоа би било морално погрешно“ изјави Тулејев. Тој e гувернер уште од 1997 година.
Претходно беше уапсена Јулија Богданова, генералната директорка на кондиторската компанија во чија сопственост е трговскиот центар во Кемерово, бидејќи не презела мерки да ги реши дефектите во противпожарниот систем.Кога избил пожарот, алармниот систем бил исклучен, а безбедносните излези биле блокирани.
Пожарот изби на четвртиот спрат од трговскиот центар во кино сала и во детска игротека. Загинаа 41 дете.




