Published: Tuesday, March 15, 2022 08:14
Шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши денеска изјави дека руската инвазија на Украина ја наложува потребата од реформа на Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН), пренесоа британските медиуми.
Министерот Хајаши, на редовната прес-конференција, рече дека Јапонија ќе стори сé за реформирање на Советот и упати апел неговата земја да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН.




