Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хајмер: Данска го има најстарото знаме во светот, С. Македонија најубавото

0
By Нова ТВ on August 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 18, 2019 10:46

САД и Авганистан се земји кои најмногу го менувале своето знаме, а едно од најинтересните во светот го има Мозамбик со симболите на книга, мотика и на Калашников. Ова го нагласува претседателот на Меѓународната федерација на вексилолози, Жељко Хајмер.

Држава што го најмногу го менувала своето знаме во денешно време е Авганистан, дури 15 пати, а земја со најмногу додадени нови симболи (27) се САД за истакнување на државите. Првото официјално американско знаме по револуцијата од 1776 година имало 13 држави, а сега има 50.

Во однос на формата, повеќето знамиња се правоаголни или квадратни. Единствената држава што отстапува од тие од форми е Непал кој има два триаголника.

Знамето на Мозамбик – Фото: mozambique.co.za

Најстарото знаме што е во континуирана употреба е на Данска. Се користи во иста форма уште од 13-от век, знамето на Холандија датира од 1572 година, а на Непал од 1743 година.

Најнова промена на знаме изврши Мавританија која во 2017 година беше додадена црвена вертикална линија. Претходно, имаше само зелена подлога. Мјанмар го смени знамето во 2010 година кога решија повеќе да не го користат она од времето на Бурма.

Најчестиот симбол е ѕвездата и се наоѓа на околу 60 национални знамиња, следат грб, круг, сонце и месечина. Хрватскиот стручњак го посочува и знамето на Бермуда на кое се наоѓа брод што тоне.

Доминикана има папагал со пурпурно-зелена боја, Киргистан прикажува вкрстени греди на традиционалниот номадски шатор што гледа однатре кон горе.

Едно од поинтересните е бразилското знаме, каде се додава по еден ѕвезда за секоја држава, но тие се прикажани во различни големини во зависност од површината на регионот.

Знаме со најмногу симболи е знамето на Туркменистан, кое има дури 12.

Најубавото меѓународно знаме, според Хајмер, е знамето на Северна Македонија.

„Тоа предизвика многу полемики во 90-тите години, па затоа мораше да се смени. Денешното знаме беше усвоено со едноставен, но многу препознатлив дизајн“, рече Хајмер.

Терминот вексилологија за првпат го користел американскиот автор Витни Смит во 1958 година. Меѓународното здружение на вексилолози е основано на 7 септември 1969 година, со цел да се создаде центар на информации и знаења за знамиња од сите видови, нивните форми и функции.

Држави Жељко Хајмер знамиња Симболи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.