Published: Sunday, January 11, 2015 10:21
Дневниот весник Хамбургер Моргенпост во северниот германски град Хамбург кој препечати карикатури на пророкот Мухамед од Шарли Ебдо беше цел на очигледно подметнат пожар . Властите соопштија дека никој не е повреден, јавува Дојче веле.
Полицијата соопшти дека “камења, а потоа запален предмет” биле фрлени преку задните прозорци од дворот во просториите на архивата на дневниот весник во Хамбург во 2 часот по локално време.
Двајца луѓе кои делувале сомнително а биле видени во оваа област се однесени во притвор, додека властите го истражуваат инцидентот.
Истрагата била предадена во службата за заштита на Хамбург.




