Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Формула 1 трката во Истанбул.

Британецот постави нов рекорд на патеката со резултат 1,22,868 минута. Сепак на утрешната трка за Големата награда на Турција, Хамилтон ќе стартува од 11. позиција поради казна за делумна промена на моторот.

Клупскиот колега на Британецот, Валтери Ботас, го освои второто место во квалификациите (+0,130 секунди заостанување) и ја доби пол-позицијата, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул (+0.328) кој ќе стартува од втората позиција.

Од 3. до 10. место ќе тргнат: Шарл Леклер, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Ландо Норис, Ленс Строл, Јуки Цунода и Себастијан Фетел.

Трката за турското Гран при ќе се вози утре со почеток во 14 часот.