Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамонд:Aко Парламентот го отфрли договорот со ЕУ, може да нема Брегзит

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 22, 2018 10:00

Брегзит може и да не се оствари ако британскиот Парламент не го одобри договорот за развод со ЕУ, постигнат по тешките преговори со Брисел, изјави синоќа британскиот министер за финансии Филип Хамонд.

Во интервју за телевизија Ај-Ти-Ви, тој истакна дека дури и при најдоговорено и непречено излегување од Унијата, тоа ќе ја чини британската економија десетици милијарди фунти. А ако дојде до Брегзит без договор, во земјата ќе настане „политички хаотична ситуација“.

– Тој хаос може да доведе до тоа Брегзит воопшто да не се оствари, рече Хамонд.

Во меѓувреме, шпанскиот премиер Педро Санчез исто така синоќа повтори дека на самитот на ЕУ во Брисел во недела, на кој треба да биде разгледан договорот со Лондон, тој ќе гласа против предложениот документ, ако не добие гаранции за Гибралтар. Малата енклава во јужниот дел на Пиринејскиот полуостров е предмет на остар спор меѓу Лондон и Мадрид. Санчез ова го изјави на заедничка прес-конференција во Валјадолид со португалскиот премиер Антониу Кошто кој е во посета на Шпанија.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа најави дека в сабота одново ќе отпатува за Брисел на преговори за финализирање на предлог-документот за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит.

Меј, по враќањето од Брисел, каде за ова прашање разговараше со претседателот на Европската комисја, Жан-Клод Јункeр, истакна дека на преговорите не успеале да ги надминат сите разлики околу предлог-документот.

– Остана некои прашања за кои се уште разговараме. В сабота ќе се вратам во Брисел на дополнителни средби, вклучително и со претседателот Јункер, со цел да се обидеме да го финализираме овој процес, изјави Меј.

Претходно, портпарол на ЕУ синоќа соопшти дека Меј и Јункер на средбата во Брисел постигнале напредок во врска со планот за идните односи, но дека се уште нема конечен договор.

– Постигнат е многу добар напредок. Работата продолжува, истакна портпаролот по завршување на средбата што траеше околу час и половина, без да соопшти детали.

Меј се обидува да постигне договор за идните односи на Велика Британија со ЕУ, со цел да обезбеди поддршка во Долниот дом на британскиот Парламент за Предлог-договорот за Брегзит, што беше постигнат минатата среда.

Брисел и Лондон се надеваат дека ќе го усогласат планот за идните односи пред Самитот на ЕУ посветен на договорот за Брегзит, закажан за в недела.

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека очекува планот да биде договорен пред Самитот, бидејќи, како што рече, в недела не сака да дојде во Брисел на нови преговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.