Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја предупреди Анкара дека преговорите за членство во ЕУ ќе бидат замрзнати доколку постои најмал сомнеж дека односот кон обвинетите за воениот пуч е некоректен.
“Во таков случај последиците ќе бидат неизбежни”, потенцираше еврокомесарот денеска.
“Сметам дека мерките преземени против пучистите се диспропорционални, а сега треба да видиме како тие луѓе ќе бидат третирани”, изјави Хан.
Турција започна преговори за членство во ЕУ во 2005 година но од повеќе причини тоа преговори многу споро напредуваат. Една од причините беше и нерасполежението на земјите членки на ЕУ да ја примат Турција во своето друштво.
На прашањето на новинарот дали продолжувањето на преговорите за членство има се уште некаква смисла, комесарот вели:
“Тоа е легитимно прашање што си го поставувам секој ден.”
Од воениот удар 16.000 лица беа уапсени а чистка се прави во војската, судството, образованието, медиумите. ЕУ и САД остро ја критикуваат оваа репресија.
Што се однесува до договорот за бегалците помеѓу ЕУ и Турција потпишан во март годинава, Хан вели дека тука нема никаква промена. Сега станува збор да и се помогне на Турција да го поднесе финанскиот товар за 3 милиони бегалци кои се наоѓаат на нејзина територија.
Ова мислење го дели и турскиот министер за надворешни работи Омер Челик кој изјави дека воениот удар нема никакво влијание на овој договор кој и понатаму се применува. Според него, тоа е доказ за солидноста на турската демократија.




