Published: Sunday, October 25, 2015 18:51
-Не е решение да ги туркаме бегалците од една во друга земја и некоја да стане паркиралиште за бегалци во регионот, треба да дејствуваме координирано, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешниот мини-самит наменет за бегалската криза.
Германската канцеларка Ангела Меркел пак, потенцираше дека се работи за вонредна ситуација која бара вонредни мерки.
Претседателот Ѓорѓе Иванов се пожали дека Грција не соработува.
Жан Клод Јункер на самитот предложи план од 16 точки, а меѓу нив и распоредување на припадници на Фронтекс на границата меѓу Македонија и Грција.
Од овој самит се очекува да се воспостави соработка меѓу земјите кои се на Балканската рута на бегалците.




