Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Рано е да се говори за детали за дијалогот Србија-Косово

0
By Нова ТВ on August 31, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 31, 2018 14:49

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во Виена изјави дека секој договор меѓу Србија и Косово треба да придонесе за мирот и стабилноста на Западниот Балкан и дека е постигнат напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, иако е премногу рано да се зборува за детали.

Хан ја даде оваа изјава пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европска унија во Виена, на кој ќе присуствуваат претставници на земјите-кандидати.

– Договорот меѓу Србија и Косово треба да го разработат лидерите на двете земји. Постигнат е напредок, но премногу е рано да се разговара за деталите. Јасно е дека секој договор мора да придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Западен Балкан, истакна Хан, како што пренесе неговата портпаролка на Твитер

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој исто така е во Виена изјави дека е премногу рано да се каже дали воопшто ќе  се постигне компромисно решение помеѓу Белград и Приштина и дека компромисот е во најдобар интерес на српскиот и на албанскиот народ.

– Веруваме дека тоа ќе придонесе за стабилноста на целиот регион. Тоа, се разбира, би значело и отворен пат во смисол на европските интеграции и членството во ЕУ, наведе Дачиќ.

Велика Британија против менување на границите на Балканот

Официјален Лондон пак е против промената на границите на Балканот и смета дека Србија и Косово треба да го решат проблемот со взаемно признавање.

Портпарол на британското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека „нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е клучна за безбедноста, стабилноста и напредокот на оваа земја и на поширокиот регион. Владата верува дека ова треба да биде основа за признавањето на независните и  суверени држави во рамките на нивните сегашни граници”, изјавија од британскиот Форис Офис.

Како што соопшти прес службата на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој денеска го примил британскиот амбасадор во Белград Денис Киф, на кого му соопштил дека Србија никогаш нема да прифати решение за Косово кое би било понижувачко.

Патот до корекција на границите меѓу Србија и Косово е поплочен со опасности и им дава самодоверба и поддршка на оние кои сакаат да ја разбијат Босна и Херцеговина (БиХ), изјави за Радио Слободна Европа британскиот политичар Педи Ешдаун, поранешен висок претставник во БиХ.

Ешдаун е убеден дека решението за односите меѓу Србија и Косово не може да се бара преку уништување на основните принципи на ЕУ за мултиетничките заедници, а не, како што тој ги нарекува, „моноетнички џебови” кои би се создале на Балканот.

Федерика Могерини е таа која ја поддржува оваа идеја во рамките на ЕУ, смета Ешдаун, кој е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин најмногу ќе биде задоволен од реализација на корекција на границите, а потоа би ја применил на украинската криза.

Тој како пример ја посочи Македонија каде наскоро ќе се одржи многу важен референдум за нејзината иднина и можноста која би се отворила за нејзин влез во ЕУ.

„Јас немам дилема, меѓутоа, доколку Прешево се приклучи на Косово, тогаш Албанците во Тетово и Гостивар може да кажат дека и тие сакаат да се приклучат на Косово. Сето ова би ги поткопало досегашните напори во интеграцијата на Западен Балкан“, истакна Ешдаун.

„Економист“ пишува дека Косово ќе биде признаено за автономија на северниот дел

Во меѓувреме британскиот весник „Економист“ денеска објави дека можно е „правиот план“ на српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, да е Србија да ја признае независноста на Косово, а за возврат, северниот дел од Косово да добие автономија.

Во текстот „Лидерите на Косово и на Србија разговараат за размена на територии“ се наведува дека по завршувањето на војната во Југославија илјадници луѓе останаа во земји, кои не ги сметаат за свои и оти голем број „миротворци“ предупредуваат дека прекројувањето на границите води кон дополнителни судири, а последица од тоа се околу 120.000 Срби живеат во Косово, претежно населени со Албанцкиа, а 60.000 Албанци живеат во Прешевска Долина, во Србија.

Весникот посочува дека поединечни локални лидери веќе подолг период се заинтересирани за размена на територии. Додека, Европска унија и САД до неодамна ја обесхрабруваа таквата идеја, но според „Економист“ ситуацијата е променета.

Весникот додава и дека според изјавите на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, ниту САД повеќе не се спротиставуваат на таквата идеја.

Според „Економист“ повеќе од еден месец и Тачи и Вучиќ даваат „двосмислени изјави“ за евентуален договор.

– Иако двете страни ќе го мразат договорот, барем нивните лидери ќе можат да кажат дека сочувале скапоцена територија, оценува „Економист“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.