Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан во Скопје го почнува скрининг процесот за пристапни преговори

0
By Нова ТВ on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска престојува во еднодневна посета на Скопје, со што ќе се означи стартот на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ.

Хан прво ќе пристигне во Владата, каде ќе присуствува на 79-та владина седница, чија единствена точка на дневен ред е Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ.

По завршување на владината седница, премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан ќе имаат заедничка прес-конференција.

Хан ќе го посети и Собранието, каде ќе се сретне со собранискиот спикер Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан, како што јави МИА, ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Ќе се врши скриниинг на повеќе области, меѓу кои клучните посочени за реформирање – владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата, безбедносните и разузнавачките служби, јавната администрација.

Како што веќе најави премиерот Зоран Заев минатата недела за 33. поглавја за Македонија, Владата ќе треба да формира 33 работни групи во кои ќе се ангажираат над илјада лица од институците и од граѓанскиот сектор. Претстои и формирање тимови за преговори, а на утрешната седница ќе бидат одредени преговарачите за политичкиот и за техничкиот дел.

Скринингиот е процес со кој се проверува нивото на подготвеност на земјата да води преговори.

Посетата на Хан следува по одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија и со Албанија, на самитот на крајот на јуни.

Советот на ЕУ на ниво на министри препорача отворање на преговори за членство со Македонија и со Албанија во јуни 2019, но двете земји до отворањето на преговорите ќе треба да постигнат напредок во реформите.

Ова е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите за надворешни работи на ЕУ го отворија патот за отпочнување преговори за членство за Македонија и Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади на ЕУ да ја потврдат одлуката, изјави денеска прес-конференција претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск со премиерот Зоран Заев.

Еврокомесарот Хан изјави дека подготовките за скрининг процесот ги почнува веднаш.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи тогаш ја најави посетата на Хан, истакнувајќи дека првите денови од скринингот е всушност објаснувачки.

посета скрининг Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.