Биографијата на синот на претседателот, Билал на хартија е многу импресивна, но вистинската има голем број дамки, пишува германскиот весник Ханделзблад, додавајќи дека руските обвинувања против него воопшто не се без основа.
Билал Ердоган во 2013 година е осомничен за перење пари, а обвинението е базирано на досието во кое има фотографии и телефонски разговори меѓу синот и таткото, тогаш турски премиер кој му сугерира на синот „да се ослободи од парите во куќата“, пишува весникот.
Сирискиот министер за нформирање Омран ал Зоуби во ноември изјави дека транспортна компанија во сопственост на Билал Ердоган добивала нафта од терористите на Исламската држава.
Други пак, го обвинуваа за кражба на нафта од областите под контрола на џихадистите во Ирак, како и за испорака на украдена нафта на азиските земји. Поради ова, Билал Ердоган се здоби со прекарот „министер за нафта на Исламската држава“.
Турскиот претседател изјави дека е подготвен да поднесе оставка, доколку се докаже дека неговото семјство е поврзано со криумчарење нафта.




