https://www.facebook.com/IndeksonlineOfficial/videos/1121781254586220/
Францускиот суд во Колмар денеска го ослободи поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај со кауција.
Судот му наложи на Харадинај двапати неделно да се јавува во полицијата, а одземен му е и пасошот.
Со ова Харадинај на слобода, но во Франција ќе ја чека одлуката за евентуална екстрадиција што ја побара Србија.
Француската гранична полиција го уапси Харадинај минатата среда на 4 јануари, по пристигнувањето на аеродромот Базел Милуз на истокот на Франција, од Приштина.
Тој е уапсен по налог од 2006 година поради сомнение дека во текот на 1998 и 1999 година извршил воени злостоства врз Србите и неалбанското население на Косово.
Овие обвиненија не се опфатени во оние што против него ги покрена Хашкото обвинителство, од кои тој во 2012 година беше ослободен.




