Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хармоникашот Александар Коловски настапува со Филхармонија

0
By on April 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2013 11:38

Наградуваниот македонски хармоникаш Александар Коловски, вечервa, ќе настапи како солист на концертот на Македонската филхармонија од циклусот „Лауреати“, што ќе го води германскиот диригент Андреас Вајзер.

Коловски, кој пред две години победи на Светскиот куп за хармоника CMA „Trophee Mondiale“ во сениорска категорија за класична музика, првпат во Македонија ќе го исполни концертот „Опал“ за хармоника и гудачи од Ришар Галијано.

– Изведбата на овој концерт инспириран од медитеранските звуци, претставува ретка можност да се слушне на овој инструмент во придружба на оркестар, соопштуваат од Филхармонија.

На програмата се и симфониската фреска „Хармосин и прогонетиот Византиец“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски и спектакуларната оркестарска композиција „Римски борови“ од Оторино Респиги.

Коловски (1990) почнал да учи хармоника на седумгодишна возраст и денес е меѓу најистакнатите македонски уметници на неговата генерација. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Златко Мадевски. Од 2009 година редовно посетува мајсторски курсеви во Франција, каде што во моментов учи со Фредерик Дешамп, еден од најистакнатите педагози по хармоника во светот.

Од 2003 година Коловски победил на повеќе од 15 меѓународни натпревари и е редовен гостин на музичките фестивали во Италија, Франција, Финска, Бугарија, Кина, Чешка, Германија, Литванија, Америка… Од 2010 година е официјален уметник на компанијата за производство на музички инструменти „Хохнер“. Покрај примарната дејност како класичен хармоникаш, тој учи и вариете танго, француска музика, џез.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.