Published: Monday, March 30, 2015 12:31
Жалбениот совет на Хашкиот трибунал му наредил на Судскиот совет веднаш да ја поништи одлуката за пуштање на Воислав Шешељ на слобода и да нареди негово враќање во притвор во Шевенинген, објавуваат српските медиуми.
“Шешељ не го поткрепи тврдењето со докази дека жалбата Обвинителството не е врз основа на важечки правни мотиви”, се вели во образложението кое главниот обвинител Серж Брамерц го упатил до од Жалбениот совет.
Србија и Холандија ќе мора повторно да се изјаснуваат за ослободувањето на Шешељ и повторно ќе мора да се процени можноста на шефот на Српската радикална партија да му биде дозволено привремено ослободување од притвор, пренесува Ал Џезира.




