Серж Брамерц, главниот обвинител на Хашкиот трибунал, денес најави дека ќе поднесе жалба против одлуката на Судот за ослободување на Војислав Шешељ.
Брамерц соопшти дека одлуката за жалба е донесена откако е детално прегледано писменото образложение на мнозинството судии за ослободување на Шешељ.
“Со оглед на долгорочните последици на грешките што ги откривме во пресудата на мнозинството членови на Судот, ние, поради жртвите на злосторствата подвлекуваме дека претстојната жалба е најголем приоритет на ова Обвинителство”, се вели во соопштението.
Брамерц смета дека се направени суштински пропусти во главните аспекти на случајот и дека мнозинството судии не зела во предвид голем дела од доказниот материјал, не понудила добри причини за своите заклучоци и не го применила на соодветен начин стандардот “вон од секое сомнение”. Советот на Судот “не направил разлика помеѓу крајната политичка цел кон која тежнееле членовите на потфатот на злосторничкото здружение и злосторничкиот начин применет за остварување на таа цел”.
Брамерц ветува дека ќе вложи максимални напори жалбата да биде водена ефикасно, ефективно и праведно.
На 31 март годинава Хашкиот трибунал го ослободи Војислав Шешељ, лидер на Српската радикална партија, од сите девет точки на обвинението кое го терешете за говор на омраза и поттикнување и поддршка на воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина во текот на протерувањето на Хрватите од Војводина.
Сите судии, освен еден, заклучија дека Шешељ не е виновен по ниту една од деветте точки.




