На парламентарните избори во Хрватска, ХДЗ убедливо победи со 68 места, а потоа следува Коалицијата за „Рестарт“ со 43 места, Мост со 8 , и Движењето Домашна со 6 места, ССИП/ Фокус/ Паметно -2 и ХНС со едно парламентарно место.
Јасно е дека СДП доживеа тежок пораз и дека Пленковиќ ќе има комотна ситуација во составување на новата Влада, анализира Јутарњи лист.
Пред седиштето на ХДЗ каде што има голем број на присутни симпатизери се обрати и Пленковиќ, се заблагодари на сите граѓани и партнери, потенцирајќи дека овој добиен мандат обврзува на уште поголема работа.
„Оваа победа не само што е голема туку и обврзува, бидејќи имавме тежок мандат кој беше полн со неизвесности. За ова потребно е елан, работа, идеи, знаење и искуство.
Сето ова успеавме да го собереме во нашата програма и луѓето кои се на нашите листи. Ова е голема обврска за нас“, изјави Андреј Пленковиќ по објавувањето на резултатите.




