Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХДЗ започнува постапка за отповикување на хрватскиот премиер

0
By Сашка Цветковска on June 7, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2016 20:59

Владејачката коалиција во Хрватска предводена од ХДЗ ќе започне постапка за гласање на недоверба кон премиерот на владата, Тихомир Орешковиќ.

Шефот навладејачката ХДЗ, Томислав Карамарко, соопшти дека неговата партија ќе почне постапка за отповикување на премиерот на хрватската Влада, Тихомир Орешковиќ. Аргументите на ХДЗ  се дека владата ваква каква што е не е функционална и наводно не можат да се спроведат почнатите реформи без единствена хомогена влада.

 

„Едноставно би требало да престане ова што сега е на сцената. Лоши односи, полуодноси. Хрватска нема време и трпение за такви односи“, изјави Томислав Карамарко, претседател на ХДЗ, пренесува новинската агенција „Танјуг“.

Премиерот Орешковиќ, пак, изјави дека тој нема проблем повторно да ја побара довербата од парламентот обвинувајќи го Карамарко дека е проблематичен за државата.

„Мојата порака е јасна, ја добив поддршката од парламентот и не се плашам да ја побарам пак. Ја почитувам ХДЗ како партија, но Карамарко е огромен товар за оваа влада и за ХДЗ и јас сум уверен дека на крајот на денот ХДЗ ќе донесе исправна одлука“, рече тој алударајќи на тоа дека ХДЗ не е единствена околу поддршката на нивниот претседател на партија.

Огранокот на ХДЗ во Вараждин веќе побара од Карамарко да си даде отказ од функцијата прв потпретседател на хрватската влада за да може истата конечно да функционира.

Карамарко е контроверзна политичка фигура во Хрватска,  пред се поради се  позасилената реторика која што ја користи, а често, особено во предизборната кампања  предизвикуваше остри реакции во демократската јавност поради отвореното користење на усташките симболи.

 

Хрватскиот парламентот има 30 дена за да го разгледа гласањето на доверба.

 

Карамарко Орешковиќ Хрватскаа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.