Published: Wednesday, June 3, 2015 12:09
Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол се наоѓа на интензивна нега откако му била извршена операција. Од кабинетот на Кол соопштија дека тој имал операција на колкот на почетокот на мај. Во меѓувреме му била извршена уште една интервенција поради што му е продолжен престојот во болница.
Неговата состојба е добра со оглед на околностите, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Дер Шпигел објави дека 85 годишниот Хелмут Кол се наоѓа во клиника во градот Хеиделберг и дека неговата состојба е критична.
Конзервативецот Кол беше најдолго на функцијата, од 1982 до 1998 година и на него му се препишуваат заслугите за спојувањето на западна и источна Германија, по падот на Берлинскиот ѕид.




