Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Законот за минималец нема заштита од злоупотреби

0
By Нова ТВ on September 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува загриженост за измените на Законот за минимална плата во Република Македонија, кој беше донесен од Собранието по скратена постапка.

Од Хелсиншки сметаат дека со споменатите законски измени номиналниот износ на минималната исплатена плата во Република Македонија за периодот септември 2017 – февруари 2018 се зголемува на 12.000 денари, сепак остануваат одредбите  за исполнување на нормиран учинок како услов за исплата на минимална плата. Поради ова Законот се уште не нуди гаранција дека работниците од сите сектори ќе ја остваруваат законски пропишаната минимална плата и остава простор за манипулации, притисоци и злоупотреби од страна на работодавачите.

-Членот 1 од Законот предвидува дека нормираниот учинок ќе се утврдува од страна на работодавачот секоја година во февруари врз основа на критериуми за ефикасност во производниот процес утврдени од страна на работодавачот во соработка со работниците. Нормираниот учинок треба да е остварлив за најмалку 80% од бројот на вработените за секоја техничко – технолошка целина, пооделно. Секторите каде што треба да се утврди нормираниот учинок и каде се наоѓа најголемиот процент на работници кои остваруваат минимална плата, како текстилната, кожарската, чевларската, рударската индустрија, се всушност сектори каде се јавуваат најголемите прекршувања на работничките права. Константниот мобинг, прекршувањето на работничките права во однос на работното време, користењето денови од одмор, работа за време на неработни денови и празници, неисплаќањето на додатоци на плата, исплата на плата на рака, враќање на дел од платата на работниците, потпишување бланко документи од страна на работниците, работа во лоши хигиенско-санитарни и безбедносни услови, неефикасноста на инспекцискиот надзор се само дел од проблемите со кои се соочуваат работниците во овие сектори. Во вакво опркужување тешко е да се верува дека работодавачите и работниците ќе имаат фер и конструктивен дијалог околу утврдувањето на  критериумите за ефикасност во производниот процес и дека ќе донесат заедничка, согласна и објективна одлука, истакнуваа од Хелсиншкиот комитет во соопштението.

Исто така се укажува дека законските измени не утврдуваат прецизни одредби што значи “соработката на работодавачот со работниците” при утврдувањето на нормираниот учинок. Нејасно е дали овие критериуми се утврдуваат со консензус на сите вработени, со мнозинство гласови на вработените, дали во преговарањето за утврдување на критериумите се вклучени сите вработени или претставник на вработените или пак претставник на синдикатот, кај оние работодавачи во кои вработените имаат основано синдикат.

За Хелсиншкиот комитет дополнително загрижувачки се и тврдењата на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство дека текстот на измените на законот кој бил усогласен на јавна расправа и потврден на Економско-социјалниот совет на 18.07.2017 од страна на трите социјални партнери воопшто не содржел одредби со кои се предвидува и дефинира нормираниот учинок.

Поради ова од Хелсиншкиот комитет сметаат дека усвојувањето на ваквиот закон суштински нема да ја зголеми минималната плата во секторите каде се бара исполнување на нормиран учинок и бараме итно менување на Законот за минимална плата  во насока на отстранување на одредбите за нормиран учинок.

закон за минимална плата Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.