Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Херојот од Сиднеј – има своја продавница за овошје и е татко на две деца

0
By Zoran Ivanov on December 15, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 15, 2025 10:09

Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот во Сиднеј, е 43-годишен маж од Сирија кој од 2006-та живее во Австралија – тој е татко на две деца и има продавница за овошје, а отсега е и херој без наметка, како што вели братучед му, родителите и целиот свет. Во нападот беа убиени 16 луѓе, а 50-тина се во болница.

Вчера јавноста низ целиот свет остана во шок, по терористичкиот напад кој се случи во Сиднеј, кога за време на еврејска прослава на Бонди плажата, двајца напаѓачи со огнено оружје убија 15 лица, а повеќе од 50 останаа повредени.

На плажата беа собрани голем број семејства, а вкупно имаше повеќе од 1.000 луѓе чии животи беа ставени во опасност.

За време на инцидентот, еден случаен минувач се истакна како вистински херој, кога вирално се прошири снимка на која се гледа како сам соборува еден од напаѓачите.

Тој доаѓа зад него, го соборува, му ја одзема пушката и ја вперува во него, а кога напаѓачот ќе избега, човекот го остава оружјето до дрво за да покаже на полицијата дека е безопасен.

Човекот покажа вистински херојски потег и го загрози својот живот, со цел да спаси што повеќе други животи, нешто што ретко кој би го направил.

Подоцна се дозна дека станува збор за човек по име Ахмед Ал Ахмед, 43-годишен трговец со овошје од Сиднеј, кој има своја продавница.

Херојот е и татко на две деца, а по настанот, беше пренесен во болница на операција, заради прострелните рани со кои се здобил претходно.

Неговиот братучед Мустафа, за австралиските медиуми рано утрово изјавил:

„Тој е херој, 100% херој. Тој има две рани, една на раката и една на дланката. Се надевам дека ќе биде добро, го видов синоќа. Беше добро, но чекаме да видиме што ќе каже докторот“, пренесува BBC.

Инаку, од полицијата потврдија дека напаѓачите се татко и син, на возраст од 50 и 24 години, постариот маж починал на лице место, а помладиот е во болница во критична состојба.

Австралијанските власти, но и сите луѓе на интернет од целиот свет, пишуваат за храброста на Ахмед, која не познава граници ниту вера.

И американскиот претседател Доналд Трамп изрази голема почит кон него, велејќи:

„Тоа е многу многу храбра личност, буквално отиде и нападна еден од напаѓачите, и со тоа спаси многу животи“.

За австралискиот ABC пак, родителите на Ахмед, изјавиле дека тој бил застрелан 4-5 пати во рамото, а неколку куршуми биле заглавени во него.

Нивниот син се преселил во Австралија во 2006-та, а тие дошле од Сирија пред само неколку месеци, па сите претходни години биле раздвоени.

И тие го нарекуваат Ахмед херој и се молат Бог да го спаси.

 

Сиднеј херој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.