Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хил: Решавањето технички проблеми не е за оние кои сакаат брзи решенија, на крајот ќе ја имаме ЗСО

0
By Ана Василевска on May 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Кристофер Хил
Кристофер Хил
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денес официјално го означија првиот лет на авиокомпанијата Ер Србија од Белград за Чикаго, а пред тоа Хил изјави дека решавањето на технички проблеми во политиката не е за оние кои сакаат брзи решенија, наведувајќи дека Србите на северно Косово мораат да имаат решено прашање за ЗСО, јави дописникот на МИА од Белград.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Хил во интервјуто за Нова С, го оцени како многу тежок процес и дека двете страни сфаќаат дека ситуацијата е многу тешка, и посочи да е потребно да се формира ЗСО.

„Постои свест кај американските креатори на политиката, да кај Србите во Северна Митровица и на Косово, во реалност мораат да имаат решено прашање преку Заедницата на српски општина“, изјави Хил.

Тој истакна дека со ова прашање, покрај Европа се занимаваат и САД и дека според тоа, крајната цел е ЗСО.

„Иако нема да има напредок на секој состанок, на крајот ќе имаме Заедница на српски општини“, оцени Хил.

Тој се сложи со ставот на шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел, во негативната оценка за неодамна одржаните избори на северно Косово, одржани со бојкот на косовските Срби.

„Јас не верувам дека тие избори можат долгорочно да имаат позитивно влијание во мнозинските српски општини и битно ми е да го пребродиме тоа и да се фокусираме да дојдеме до ЗСО со српско мнозинство“, изјави тој.

Тој наведе дека „кога имате технички прашања во политиката, тоа не е за оние кои сакаат брзи решенија, за нив е потребно време, особено кога разликите се длабоки, и време е луѓето да почнат подобро да се слушаат меѓу себе, за да пронајдат некое решение.“

Александар Вучиќ Кристофер Хил СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.